Пет работи што треба да ги направите пред да тргнете на пат

Добивај вести на Viber

Дали досега ви се случило да тргнете на пат и на половина пат да сфатите дека нешто сте заборавиле. Тоа се случува особено кога одиме на море – почнува еуфоријата, едвај чекаме да тргнеме, купуваме нова гардероба, а за пакување обично оставаме само неколку часа пред да тргнеме. Меѓутоа, постојат некои работи што никако не смеете да ги заборавите бидејќи многу го олеснуваат патувањето.

1.Документи

Веројатно најважниот предуслов за секое патување. Можете сѐ да носите на патувањето, но доколку заборавите пасош или лична карта веројатно ќе морате да се вратите од граница. Така што, при секое патување секогаш ставете ги документите во џебот или в торба.

2.Пари

Сите работи што ќе ги заборавите (четкичка за заби, шампон, дезодоранс, полнач...) можете да ги купите со пари, така што, по документите, парите се најважната работа што не смеете да ја заборавите при одење на патување.

3.Полнач за телефон

Верувале или не, се работи за една од оние работи што луѓето најчесто ја забораваат дома, а е неизмерно потребна. Употребата на камерата и апликациите за социјалните мрежи ја трошат батеријата побрзо отколку што може да замислите. Power Bank, односно екстерниот полнач е најдобра опција за патување со автобус.

4.Кутија за прва помош

Кутијата за прва помош е нешто што секогаш би требало да се наоѓа во вашиот автомобил. Колку и да се надевате дека нема да ви треба, ќе се чувствувате посигурно ако ја спакувате. Проверете и дали сте ги  зеле основните лекови или некои што ги користите редовно.

5.Патничко осигурување

Една од работите што не смеете да ја заборавите е и патничкото осигурување, кое ќе ви го направи одморот навистина безгрижен и сигурен. Полисата за патничко осигурување на Кроација осигурување овозможува заштита и сигурност во текот на привремениот престој во странство и гарантира покривање на евентуални трошоци во случај на неопходна медицинска помош поради болест или незгода. Постојат различни нивоа и видови на покритија кај патничкото осигурување и треба да се избере она што најмногу одговара за конкретното патување.

Кроација осигурување во пресрет на претстојните годишни одмори, кои многумина веќе почнаа ги планираат, подготви посебен вид патничко осигурување - Blue Travel. Кај овој нов вид патничко осигурување постојат три пакета креирани во согласност со различните потреби на клиентите.

Blue Travel пакетите вклучуваат осигурително покритие за ковид-19 до 10.000 евра со можност за територијално покритие за Европа или целиот свет. Ова значи покритие за неопходни прегледи и тестирање во случај на симптоми на ковид-19, но и трошоци за болничко и вонболничко лекување, како и репатријација при дијагностицирана болест.

Сите пакети од понудата Blue Travel, како и стандардните полиси за патничко осигурување, чија цена почнува од 1 евро, може да се купат брзо и едноставно онлајн преку moja.croatia.mk или во која било филијала на Кроација. На клиентите 24/7 им стои на располагање и Асистентски центар за помош и информации за здравствените протоколи во земјата на престојот.

ПР објава