Петар Грашо повторно љуби! Во врска е со 14 години помлада колешка која на сите им е добро позната

Добивај вести на Viber

Откако ја прекина долгогодишната врска со Данијела Мартиновиќ, Петар Грашо пронајде среќа кај 14-години помлада жена.

Пејачот Петар Грашо (45) повторно е заљубен.

Откако ја прекина долгогодишната врска со Данијела Мартиновиќ, среќата ја пронајде кај14-години помладата Хана, ќерка на Тончи и Вјекослава Хуљиќ.


Дневник.хр од блиски пријатели до Петар дозна дека парот е во врска веќе некое време.


Заљубениот пар беше фотографиран како шета низ Загреб викендов, па дури и се држеа за рака.


Грашо е многу години близок пријател и соработник на таткото на Хана, Тончи, па ја познава уште од мала и веќе настапувале заедно, а не се знае кога избувнала љубов меѓу нив.

Во мај оваа година, се дозна дека Петар повеќе не е со Данијела. Тие двајца беа познати како еден од омилените парови на хрватската сцена, и заедно поминаа повеќе од 24 години.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Инстаграм/showbuzzhr/Петар Грашо