ПЕТНАЕСТ МЕДАЛИ ЗА КУЛИНАРСКИ ШЕФОВИ ОД ГАСТРОМАК

Добивај вести на Viber

ГастроМак – националната Асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Македонија освои вкупно 14 златни медали и едно сребро во различни категории на Петтиот интернационален гастрономски натпревар, кој што се одржа од минатата недела во Ниш, соседна Србија.

Шеф Игор Атансов освои пет златни медали, Шеф Весна Тодоровска Алачковска се закити со два златни медали, додека шефовите Давид Санџакоски и Филип Теменугов се качија на пиедесталот со освоени по едно злато и по едно сребро, во различни категории. Македонскиот национален кулинарски тим беше предводен од претседателката на ГастроМак, Адријана Алачки.

“Презадоволни сме од постигнатиот резултат, земајќи во предвид дека на натпреварот имаше над 350 наптреварувачи од 24 земји од светот. Освоените медали и овој пат не изостанаа, што е показател дека Македонија и македонските шефови вешто ги презентират своите кулинарски вештни и знаења и на најдобар начин ги преставуваат македонските достигнувања во гастрономијата”, изјави Адријана Алачки, Претседателката на ГастроМак.

Меѓународниот натревар беше во организација на Здружението на туристички и угостителски работници од Ниш, а шефовите од националната асоцијација ГастроМак се традиционални учесници.