Петокот не може да биде поубав: Најдобрите Black Friday промоции во Fashion Group!

Добивај вести на Viber

Ако мислевте дека петокот не може да биде поубав од она што е, тогаш, сетете се дека последниот петок од месец ноември секогаш има добра приказна за раскажување!

Во пресрет на празниците што секогаш носат возбуда со себе, го прогласуваме Black Friday и за официјално започнат.

Она што оваа година е поразлично од сите останати, е тоа што се потрудивме само за вас да организираме промоции што траат малку подолго од еден ден, сè со цел да се избегнат турканиците и метежот што во случајов е и помалку од посакуван.

За целосно да ги заштитиме нашите купувачи, оваа година вниманието го насочивме и кон онлајн шопингот, па така, уживајте каде и да сте и со само неколку клика, добијте ги омилените производи, овојпат, по неодоливи цени во рамки на Black Friday на https://bit.ly/33lJ1Qp.

Секако, мерките за заштита во нашите продавници се на исклучително ниво, па посетете ги и уживајте во шопингот на омилените парчиња по супер цени во текот на целиот викенд.

Направете ја совршената комбинација што толку долго ја посакувавте, сега, со парчиња на намалување до -30% и изгледајте шик во секоја следна прилика.

Покрај селектираните артикли на намалување до -30%, можете да ја наполните кошничката со повеќе производи и да добиете -15 за еден или -20% намалување за две или повеќе купени парчиња, освен оние на актуелен попуст.

За љубителите на брендот со парчиња од исклучителен материјал, Superdry, од денеска е активна промоцијата што не смеете да ја пропуштите, а во рамки на која добивате -20% намалување за еден и -30% за два или повеќе купени производи.

Последниот петок од месецот можеби не ви значи многу, но ако тој месец е ноември, знаете дека е посебен. Посебен по тоа што ќе уживате во одличните зделки, ќе заштедите и ќе изгледате одлично, а ќе почнете и да уживате во празничната сезона што доаѓа и магијата на дарувањето.

ПР објава