Петте хит модни принтови за оваа есен кои одат со сѐ

Добивај вести на Viber

Преминувањето од лето во есен ќе биде модно одбележано со многу принтови, како во светот на модата, така и во светот на ентериерот. 

Ова се дезените кои ќе бидат популарни на крајот од летово, но и во есента која следи.

Анимал принт

Анимал принтот ретко кога излегува од мода, но сепак се чини дека е актуелен како никогаш досега. Како што се ближи есента, се повеќе ќе гледаме вакви модели во излозите.

Точкици

Овој дезен е совршен баланс помеѓу забавата и елеганцијата, што значи дека е подеднакво добро носен и во формалните и во неформалните прилики. Не се ограничувајте строго на црната и на белата боја.

Tie-Dye

Tie-Dye дезенот доживува голем камбек, особено со фустаните и со палтата и придонесува за шик изглед.

Цветно

Тешко е да се згреши со цветните принтови, особено во текот на летната сезона. Во фокусот се нешто поголеми цветни дезени, особено кај долгите фустани и кај комбинизоните.

Зборови

Еден од поважните трендови за ова лето и есен се оние со зборови. Не можете да не ги забележите, особено од причина што секогаш се обидуваме да прочитаме што пишува. Ако направите комбинација со некој од погорните принтови со овој, ќе постигнете впечатлив ефект. 

Фото: Pinterest.com, Mediasfera, Glamour.uk