Петте најмоќни црвени креации на Кејт Мидлтон
Кога сака да остави добар впечаток, Кејт Мидлтон користи проверен моден рецепт: впечатлива црвена боја. Модните критичари избраа пет нејзини најмоќни креации.
Без оглед дали се во прашање целосно црвени изданија или креации кои подразбираат само еден црвен детаљ, секој пат кога Кејт ќе облече било што црвено, ги воодушевува модните критичари ширум светот.
Еден од најубавите примери за тоа е нејзиното издание од 2017, кое е ненадминато благодарение на деталите во црвена боја. Да беше било која друга боја во прашање, општиот впечаток на војвотката од Кембриџ воопшто немаше да биде толку силен, велат критичарите.
Истото важи и за нејзиното појавување во Гучи костумот од твид, кој имаше само неколку црвени детали. Тука е секогаш проверената комбинација на црната и на црвената боја, како што е случај во комплетот за јавање, кој изгледаше моќно поради само еден единствен црвен детаљ.
Секогаш кога не сте сигурни како да имате впечатлив изглед, следете го примерот на Кејт Мидлтон.