Писмо од баба до внука што го обиколи и расплака светот: Златни совети...
Една баба и напишала писмо на новородената внука, со кое го воодушеви светот.
Драга моја, ова писмо јас можев да го напишам пред четвртина век, за твојата мајка ... Но, тогаш имав дваесет и пет години, а и се занимавав со други прашања: како да го прехраниме семејството, дали ќе бидам во можност да го однесам детето на градника и да стигнам на предавање. Твојот дедо работеше ноќната смена и не можеше да ми се најде кога мајка ти плачеше цела ноќ поради честите детски болести. Сега имам педесет години и малку повеќе искуство што би сакала да го споделам со тебе. Не тврдам дека знам сè за животот, но, на крајот на краиштата, јас сум твојата баба и сакам да бидеш среќна. И овие совети нема да ти пречат во тоа!
Не плаши се од паѓање
Нишај се, лизгај се, вози велосипед, ролери и не плаши се да паднеш. Ќе биде болно, но исто така ќе научиш да бидеш брза и да станеш и кога ти се плаче.
Не плаши се да го покажеш своето гледиште
Не е твоја обврска да молчиш ако не ти се допадне нешто или ако не се согласуваш со нешто. Не криј го своето мислење ниту за пријателство ниту за љубов. Ако тие не го слушнат она што треба да го кажеш или или бараат да бидеш „лојална“ - тие пропуштаат голема љубезност и пријателство.
Не се срами да се извиниш
Само храбрите девојки можат да се извинат и да ги видат своите грешки, а јас навистина би сакал ти да бидеш таква. Не е лесно да се каже: „За жал, не сум во право. Како можам да ја поправам ситуацијата?" Но, ова мора да се научи, и кога ќе го научиш, никој нема повторно да те победи.
Единицата воопшто не е ужасна работа. Единицата укажува на слаби точки и ти кажува што треба да направиш. Слабата оценка не значи дека си глупава. Тоа е само твоја мотивација за работа.
Не плаши се дека не си популарна
Додека сите популарни „шмизли“ одат по забави, губат време на Интернет со ставање фотографии, ти би можела да бидеш добра во стрелаштво, јавањето, пеење и така натаму. На 18 години тие популарни ќе продолжат да живеат пред компјутер, а ти веројатно веќе го освои светот и, можеби, навистина ќе тргнеш на едно патување околу светот.
Не плаши се ако си им „чудна“ на другите
Од тоа не се плаши ни твојата баба.
Не плаши се да се заљубиш
Заљубеноста ќе дојде еднаш, па повторно. И мило ми е што порасна.
Не плаши се од првиот бакнеж
Верувај и на баба си дека тоа е прекрасно! Не плаши се, сите жени во нашето семејство се бакнуваат одлично - тоа е во нашата крв.
Не плаши се да се омажиш или да не се омажиш
Кога ќе пораснеш, никој не треба да биде заинтересиран дали има бурма на твојата рака или не. Но, ако одлучиш дека бракот и семејниот живот се за тебе - обиди се да го сретннеш човекот на твојот живот, и тогаш сè ќе биде добро. Нема да те нервираат дури ни расфрланите чорапи по куќата.
Не плаши се од раѓање
Јас нема да те лажам - боли. Но, тоа е најубавото нешто што може да се случи во животот на една жена.
Сè се случува во животот. Најважно е да не очајуваш и да не се повлекуваш во себе. Разводот не е крај на животот. Тоа е почеток на нешто ново и, најверојатно, повеќе интересно и подобро.
Не плаши се од осаменоста
Понекогаш е корисно да се биде сам. Може дури и да се ужива во осаменоста. Само, ова во случај на нашето семејство не трае долго - не познам.
Не плаши се да заплачеш
Храбрите избираат солзи. Јас сум храбра и го правам она што го сакам, ако сакам да плачам -плачам, ако сакам да се смеам - се смеам, ако сакам- расфрлам чорапи насекаде низ куќата.
Не плаши се да пробаш нешто ново
Не размислувај колку години имаш и што ќе речат другите. Земи го најдоброто од животот, и не размислувај колку е неразумно тоа што го сакаш.
Не плаши се од стареење
Со годините ќе почнеш да го цениш животот повеќе и уште повеќе да ги сакаш најблиските. И тогаш можеби и ти ќе им напишеш писмо на твоите внуци.
Не плаши се да ги оставиш твоите најблиски
Долго време размислував дали да ти го напишам ова. Но загубите се неизбежни. Блиските луѓе заминуваат - но љубовта останува ...
Те сака, твојата баба.