Планетите се движат ретроградно, од 23.07. до 22.08. доаѓа владеењето на Лавот: Тотални промени за неколку хороскопски знаци

Владеењето на Лавот кое трае од 23 јули до 22 август ќе направи вистински метеж на астролошкото небо, а некои знаци ќе направат сериозна животна промена

Владеењето на Лавот во 2023 година доаѓа во посебно време, бидејќи сега се повеќе планети одат во ретроградна насока. Оваа силна ретроградна енергија нè повикува да погледнеме назад на минатото, да ги преиспитаме и размислуваме за старите проблеми кои сега можат да се решат.

Во сезоната на Лавот, ретроградно сотјат Венера и Хирон, а Меркур успорува подготвувајќи се за ретроградно движење. Ретроградната Венера се издвојува, бидејќи е планета на љубовта, а Лавот владее со срцето, па емоциите ќе бидат во фокус овој период. До крајот на владеењето на Лав, ќе имаме 6 големи космички тела во ретроградно движење.

Дополнително, владеењето на Лав носи активирање на порталот на Лавовската порта, која носи моќен наплив на енергија, елан и напредок.

Кога Сонцето ќе премине во знакот Лав, работите стануваат многу полесни. Ќе престојува во огнениот знак од 23 јули до 22 август и ова е време да ја пронајдеме нашата внатрешна моќ и квалитети, пишува Глоси.

Се чувствуваме силни, како лав или лавица; овој период носи среќа, а ние се чувствуваме помоќни токму затоа што - среќата носи моќ.

Кога сме среќни, опуштени, имаме поголема самодоверба, љубов, поспремни сме да ги прифатиме сите потенцијални неволји.

Сезоната на Рак донесе грижа за семејството, домот, па дури и за себе, а сега е време за блеснување. Лавот влијае да бидеме храбри, решителни, инспирирани, креативни, страсни, љубопитни, разиграни...

Нашиот внатрешен оган гори, а сезоната на Лав носи наплив на голема продуктивна енергија. Онаму каде што бевме ограничени и воздржани, сега стануваме отворени, борбени и страсни.

Многу поволен ден ќе биде денот на активирање на порталот Лавовска порта, бидејќи носи голема енергија на напредок и слобода.

Под Сонцето во Лав, поканете радост, доверба и љубов во вашиот живот преку позитивни постапки. Чувајте го тоа едноставно и користете го лавот како духовно животно за да ве води низ сезоната.


Фото: фреепик

Ова се најлошите сопрузи во хороскопот: Отворете ги очите ако планирате да се омажите, едниот е неверен, а другиот мрзлив