Playmoood.mk: Едукативни апликации за деца

Добивај вести на Viber

Playmoood.mk, млад тим полн со ентузијазам кој создава едукативни апликации на македонски јазик за деца за мобилни платформи и истите ги објавува на продавницата на Google Play Storе (https://play.google.com/store/apps/developer?id=Playmoood+Kids). Playmoood како проект постои повеќе од една година и досега има објавено 9 мобилни апликации за деца кои се бесплатни, едукативни и не содржат реклами, а имаме уште неколку во изработка.

Сакаме да ве запознаеме и Вас како родители и вашите деца дека нашите апликации се забавни, интерактивни и нудат ефективно, едукативно и брзо учење на букви, броеви, животни, редење на сложувалки на македонски јазик со правилен изговор и се соодветни за децата од предучилишна и училишна возраст.


Мобилните апликации Ви ги презентираме по следниов редослед:

  • Математика за предучилишна возраст:им помага на децата да навлезат во волшебниот свет на математиката инајмалите да  научат: да бројат прстиња и животни, да одредуваат големина и форма, да научат за низите со бои и форми и истите да ги обојат, да вежбаат пишување на броевите и да собираат и одземаат. Со апликацијата им се овозможува на децата од предучилишна возраст полесно и побрзо да ги научат поедноставните математички операции како прв чекор во светот на математиката и развој на нивните логички способности за учење.https://play.google.com/store/apps/details?id=com.Playmoood.MathZero

  • Математика 1:ги учи првачињата за основите на математиката на нов, иновативен и забавен начин преку развивање на математички вештини. Математичките содржини во оваа игра имаат за цел да им помогнат на учениците од прво одделение да ја научат или повторат математиката на еден поинаков начин. Малите математичари лесно ќе ја восприемаат математиката, ќе ги развиваат фините моторички вештини и ќе ги подобруваат памтењето и концентрацијата. Во оваа виртуелна збирка на задачи ќе најдете 20 различни мини-игри со многу математички активности како што се: броење, поголемо/помало, пар/непар, собирање, одземање, удвојување, половини, низи и уште мнооогу друго.https://play.google.com/store/apps/details?id=com.Playmoood.MathOne

  • Математика 2: го обновува и проширува знаењето за математика додека содржините во оваа игра имаат за цел да им помогнат на учениците од второ одделение да ја научат или повторат математиката на еден поинаков начин. Во оваа виртуелна збирка на задачи ќе најдете 11 теми со 27 активности како што се: броеви (парни и непарни, броење со 2, броење со 10, подредување), собирање (едноцифрени и двоцифрени броеви), одземање, задачи со пари (монети, банкноти), мерки за време (одбери часовник, одбери време), останати мерки (должина,волумен,тежина), работа со дропки (препознавање, боење, пронаоѓање) и препознавање на форми ( 2 д форми, 3 д форми).https://play.google.com/store/apps/details?id=com.Playmoood.MathTwo

  • Сложувалки за деца: коисодржат одбран пакет сложувалки, богат со анимација со висококвалитетен дизајн со кои малите деца и децата од предучилишна возраст ќе го изградат својот речник, меморија и когнитивни вештини додека играат и ги сложуваат. Апликацијата содржи 3 сложувалки со следниве теми: животни, храна и автомобили кои се со висококвалитетна графика и слики, слатки мелодии во позадина и звуци, лесно се движат на парчињата сложувалки низ екранот за да се сложат, бонус-балон-поп игра и среќно навивање по секоја правилно решена сложувалка и учење на првите зборови додека се играат.https://play.google.com/store/apps/details?id=com.Playmoood.Slozuvalki

  • Поврзи ги точките - Игра за деца: е апликација  која е уникатна  мала енциклопедија со 100 вида на животни во неа.Таа содржи 4 теми: вода (море - морски животни), фарма (домашни животни), савана (диви животни) и шума (шумски животни). Од кога децата ќе ги поврзат точките од дадено животно на екранот се појавува  животното со колоритна слика, звукот кој го испушта животното и на крај се појавуваат интересни факти и видеа од животните. Оваа едукативна забавна игра е навистина корисна за децата од предучилишна возраст и помалите деца, па дури и за оние со аутизам - затоа што им помага при решавање на проблеми и моторни вештини и ги учи на правилно изговорање - спелување.https://play.google.com/store/apps/details?id=com.Playmoood.Dots

  • Весела Азбука: е апликација која содржи збир од неколку едукативни игри за деца: азбука на македонски јазик со 31 буква, дополни, зборови (со 4 букви), зборови (со 5 и 6 букви), зборови (со 7 и повеќе букви) и поврзи збор со слика.Со неа им се овозможува на децата од предучилишна возраст полесно и побрзо да ги научат буквите од македонската азбука, да ги составуваат првите зборови и да поврзуваат збор со слика се со цел развој на нивните способности за учење. Распознавањето и именувањето на буквите од збуката е еден од најзначајните претскажувачи за учење на читање за децата од предучилишна и училишна возраст,  со цел правилно да научат да ги изговараат буквите и да ги составуваат првите едноставни зборови од македонскиот јазик а со тоа полесно да ги развијат нивните говорни вештини.https://play.google.com/store/apps/details?id=com.Playmoood.Makedonski1

  • Мозаик Сложувалки: е апликација со збир од мозаик сложувалки, танграм загатки која им помага на децата како помош во учењето со цел тие полесно да развиваат визуелна меморија, логика, концентрација и моторни вештини.Апликација е сплет од танграми-загатки кои служат за формирање на мозаик објекти - танграми со неколку теми наменети за најмалите: птици, домашни, водени и диви животни, овошје и зеленчук, делови од природа, возила, сообраќајни знаци, геометриски форми, музички форми и инструменти, делови од мебел за куќа, бебешки и детски играчки, шминки и шноли за девојчињата и слатки и вкусни задоволства за јадење.Играта има мелодична музика и започнува со изговор на објектот-танграм кој треба да се состави, потоа се појавува сликата со празни полиња кои детето ги пополнува со дадените бои и форми и откако ќе го состави објектот-танграмот се појавува целата слика на објектот со изговор на зборот и сонценце кое се смее .https://play.google.com/store/apps/details?id=com.Playmood.Mozaic