По 12 дена сè уште немам отпусно писмо: Родилката на починатото бебе од Битола со уште еден потресен статус
Викторија Крстевска од Битола, мајката на новороденчето кое почина во битолската болница претходно се огласи на социјалните мрежи и го сподели своето искуство со породување. Таа, во својата објава, детално сподели за нејзиното породување за кое е покренат случај и се истражуваат лекарските пропусти.
Овој пат таа сподели дека се уште не добила отпусно писмо од болницата во Битола.„Во која нормална држава, со нормални услови и КАДЕ ШТО ПАРТИИТЕ и "Ко је јачи у парама" не се водечката каписла, се дозволува 12 дена да си дома, а сеуште да не си испишан од болница и да се водиш таму!? А ИСТОТО ТРЕБА ДА Е ВЕДНАШ, КОГА СИ ОДИШ ОД БОЛНИЦА!!!
Ете јас после 12 дена СЕУШТЕ немам отпусно писмо.
Сеуште мојата историја ЈА НЕМА.
Као технички си испишана, а документ од мене нема??? НИКАДЕ?
И нема мучканици? Или народски речено, "Чекај да се погодиме на смена заедно, напрајвме шо напрајвме, дај шо да напишиме да се извајме, да налепиме друг или да напрајме се да е подмачкано"?
Или ај бе ко ќе стигниме, сигурно плачи, пишти таја дома, не и е дојдено до ова.. А?
Не кажувате ништо, НИТУ ЗА КОМИСИЈАТА, А НИТУ ДОБИВ ОДГОВОР НА ПРАШАЊЕТО ЗОШТО НЕМАМ ОТПУСНО ПИСМО ДЕНЕС КОГА ДОЈДОВ ВО ТОА ПРОКЛЕТО ОДДЕЛЕНИЕ, А ОТИ?
Нормално, оти си бркате приватни обврски, А па ние извештај чекаме...
Па еве до четврток е рокот да се објави.. Ајде, СВАКО ЧУДО ЗА 3 ДАНА МИСЛЕВТЕ? О од обдукција во следните две недели нема да има, зошто?
Па, сигурно се на одмор ') .. иако е наредено да се направи да е во најбрз можен рок.
Или пак ќе ме вртите исто како што ми нудевте брда и долини за побрзо да ме истерате од болницата.
Јасно е дека има позадина, барем БИДЕТЕ ХРАБРИ И ПРИЗНАЈТЕ. Дури сум жива ќе ве гонам сите кои згрешивте за смртта на моето бебе. Па дури и обдукцијата да ја наместите, пошто знам, јасно и гласно ми беше кажано дека ве крепат, кој пари кој партија, никогаш мирно нема да спиете.
Ќе ве прогонува мојот Јован, Јана и уште х илјадници други деца кои вака безмилосно сте ги убиле.
Ќе се борам до крај!“