По 3 недели брак - секој на своја страна: Џеј Ло и Бен се разделија, откриена е и причината

Иако се вели дека парот се разделил поради работа, во холивудските кругови се шират озборувања дека тоа не е се'...

Ненадејната венчавка на Џенифер Лопез и Бен Афлек во Лас Вегас ги воодушеви нивните фанови, а потоа со денови се соделуваа прекрасни фотографии од нивниот романтичен меден месец во Париз. Сепак, деновите на бакнежи и нежности се зад нив и сега е време за – бизнис!

Што се случува на медениот месец на Џеј Ло и Афлек: Не можат повеќе да глумат среќа, изразот на нивните лица кажува сè

Како што пишуваат американските медиуми, парот одлучил во наредниот период да поминува време разделено бидејќи мора да се посветат на својата успешна кариера.

Hollywood Life тврди дека Бен и Џеј Ло се договориле да се разделат и со тоа дополнително да ги зајакнат бракот и љубовта.
- Тие секогаш разговараат, си испраќаат пораки, се слушаат преку видео повици. Времето што го поминуваат одвоено го прави повторното обединување уште подобро - тврди извор близок до „Бенифер“.

– Разделбата толку брзо по венчавката не е идеална, но тие сакаат да го имаат целиот живот пред себе и да уживаат во секоја минута од тоа патување – додал неименуваниот извор.

Меѓутоа, во Холивуд веќе кружат гласини дека ова не е целата приказна и дека Џенифер побарала од Афлек да побара стручна помош за зависноста од алкохол, која актерот неодамна изјави дека ја надминал.

Сè уште би пиел ако останев со неа: Бен Афлек шокира со приказната за алкохолизмот и бракот со Џенифер Гарнер

Како што е познато, Џеј Ло во моментов има многу деловни проекти: нови песни, работа на козметичка линија и филмот „Атлас“ во кој таа ја игра главната улога и го продуцира, а самиот Афлек има пет филма во подготовка.

Да потсетиме дека Џенифер и Бен се венчаа во јули, а латино ѕвездата го зеде презимето на нејзиниот сопруг.

Од вчера, нарекувајте ја Џенифер Афлек! Пејачката реши да го земе презимето на новиот сопруг и сите се топат од љубов: Стигна првата фотка и ова е доказ за голема љубов

„Бенифер“ го започна својот брачен живот на мала и интимна церемонија во Лас Вегас, а пејачката не криеше дека е многу радосна.

- Успеавме. Љубовта е убава. Љубовта е љубезна. Исто така, докажавме дека љубовта е трпелива. Ние сме трпеливи веќе дваесет години - рече Џенифер на својот блог и додаде дека нејзината венчавка со Бен Афлек била најдобрата ноќ во нивниот живот.

извор:GLOSSY