Џенифер Лопез по венчавката побрза да направи една работа која очигледно многу ѝ значи, погледнете што точно е тоа!

Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа три месеци по свршувачката, а парот реши да го каже судбоносното „да“ во Лас Вегас

Заљубениот пар три месеци по свршувачката застана пред олтарот, а на својата љубов решија да ѝ дадат втора шанса во Лас Вегас, каде многу парови одлучуваат да се венчаат на интимна церемонија.

Џенифер веднаш по венчавката го смени презимето, а сè е потврдено на нејзината страница „On The JLo“.

Објавено е видео на кое се гледа заљубениот пар, со натпис „Госпоѓа Џенифер Лин Афлек“.

View this post on Instagram

A post shared by Celebrity Fanpage HKI (@celebrityfanpagehki)


Клипови и фотографии од младенците можете да ги погледнете ТУКА.

Џеј Ло објави и долго писмо во кое го опишала нивното патување и самата венчавка, а пејачката не го криела задоволството и среќата поради оваа постапка.

„Токму она што го сакавме. Летавме во Вегас синоќа, застанавме во ред за дозвола со уште четири двојки, сите на исто патување до главниот град на свадбите на светот. Зад нас двајца мажи се држеа за раце и стоеја еден до друг. Пред нас е млад пар кој патуваше три часа од Викторвил за вториот роденден на нивната ќерка. Сите го сакаме истото – светот да не препознае како партнери и да му ја објавиме љубовта на светот преку симболот на бракот“, започна Џенифер.

„Едвај стигнавме до капелата, која ни остана отворена неколку минути по полноќ. Ни дозволија да се фотографираме во розовиот кадилак што некогаш го возел самиот крал Елвис (но не не венчаше тој затоа што тоа чинеше дополнително, а тој веќе беше во кревет)“, се пошегува пејачката.

„И така, со кумовите, во венчаница од стар филм и јакна од плакарот на Бен, ги кажавме нашите завети и си подаривме прстени кои ќе ги носиме до крајот на животот.“


Веднаш по венчавката, Џенифер ги изненади своите следбеници со фотографија во кревет на која е покриена без никаква шминка, држејќи мобилен телефон во раката, покрај кој до израз дојде бурмата.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)


Таа не кажа ништо за прстенот или за веста, туку само накратко им напиша во описот на фотографијата на своите следбеници да ја посетат нејзината страница „On The JLo“ за детали.

Ова е втора љубовна шанса за овој пар. Холивудските ѕвезди претходно почнаа да се забавуваат во јули 2002 година, а се верија во ноември истата година.

Требаше да се венчаат во септември 2003 година, но венчавката ја одложија само неколку дена пред церемонијата. Тие на крајот ја откажаа својата свршувачка во јануари 2004 година.

Во меѓувреме тргнаа по различни патишта и остварија брачен и родителски живот со други партнери, но се чини дека судбината повторно ги спои, а многумина се надеваат дека нивната љубов навистина ќе трае до крајот на животот.


Извор: dnevnik.hr