По гласините дека се разведува поради колешката, папараците го фотографираа најсекси мажот на планетата: Овој детаљ открива сѐ! (ФОТО)

Разводот на Џејсон Момоа ја изненади светската јавност, а причина за тоа е неговата атрактивна колешка.

Популарниот актер, кој врвот на славата го достигна со улогите во хит серијата „Игра на тронови“ и филмот „Аквамен“ Џејсон Момоа (42), неодамна реши да стави крај на 21-годишната љубовна приказна со Лиза Бонет (54), со која има две деца - ќерката Лола (14) и синот Нако Волф (12)

Крајот на љубовта го споделија во заедничка објава на Инстаграм.

„Сите го почувствувавме притисокот на овие променливи времиња... Промените се случуваат, а ниту нашето семејство не е имуно...“ ја започна парот пораката.

Двајцата рекоа дека не ја споделуваат оваа вест затоа што сметаат дека вреди да се знае, туку дека е фер и достоинствено да ги известат сите.

„Љубовта меѓу нас продолжува, еволуирајќи на начинот на кој таа сака да живее. Се ослободуваме еден со друг за да бидеме она кон што се стремиме“.

Неодамна во јавноста се појавија првите фотографии од атрактивниот актер по разводот, а судејќи по истите, Џејсон се однесува како ништо да не се случило.

Папараците го фотографирале актерот пред продавница во Лос Анџелес, а Момоа во раката носел картонска кутија.

Неговиот стајлинг беше целосно опуштен, а лицето се обиде да го покрие со црна беретка и маска во иста боја како и очила за сонце.


Она што е особено интересно е фактот што актерот не носи бурма, што после толку години навистина е детаљ кој краде внимание.

За потсетување, некои светски медиуми ја обвинија колешката на актерот, контроверзната Амбер Херд, за ненадејната разделба на Џејсон и Лиза, со кои популарниот Аквамен наводно продолжил да се гледа и по снимањето на споменатото остварување.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Youtube - screenshoot - Warner Bros. Pictures