Дали таа стои зад разводот кој го шокира Холивуд? Го уништи најхармоничниот брак и не ѝ е прв пат

Веста дека Џејсон Момоа се разведува го зачуди целиот свет, а сега се шпекулира дека таа стои зад се‘!

Еден од најпознатите бракови во светот беше бракот на Џејсон Момоа и Лиза Бонет. Џејсон не криеше дека ја обожава својата сопруга и дека практично отсекогаш бил вљубен во неа, па веста за нивниот развод ги збуни сите фанови.

Сега медиумите пишуваат дека зад се‘ стои Амбер Херд. Имено, кружат гласини дека Џејсон Момоа стапил во врска со колешката од филмот „Аквамен“. Аргументот на оние кои стојат зад таа теорија е дека и Џони Деп ја раскинал врската што ја имал по соработката со Амбер, а еднаш се пишуваше дека Лиза била љубоморна затоа што Амбер флертувала со Џејсон.


Џејсон Момоа и Лиза ја објавија својата одлука за развод на Инстаграм:

„Сите го почувствувавме притисокот на овие променливи времиња... Промените се случуваат, а ниту нашето семејство не е имуно...“ ја започна парот пораката.

Двајцата рекоа дека не ја споделуваат оваа вест затоа што сметаат дека вреди да се знае, но дека е фер и достоинствено да ги известат сите.

„Љубовта меѓу нас продолжува, еволуирајќи на начинот на кој таа сака да живее. Се ослободуваме еден со друг за да бидеме она кон што се стремиме“, порача познатиот пар.

Да потсетиме, холивудскиот актер е во брак од 2007 година со својата 12-години постара колешка Лиза Бонет (53), а парот има и две деца - ќерката Лола (13) и синот Наку-Волф (11). Амбер Херд, пак, се‘ уште е на судење со Џони Деп.


На 8 април 2021 година, Амбер со помош на сурогат мајка ја доби долго посакуваната ќерка, а деновиве папараците ја фотографираа додека и купуваше намирници на нејзината ќерка, а во медиумите се појавија фотографии со коментар дека „таа сè уште го вози подарокот од нејзиното поранешно момче Илон Маск“, кој ѝ подари автомобил Тесла за време на нивната кратка врска.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Youtube - screenshoot - Warner Bros. Pictures

Жените тврдат дека има сè што сакале од еден маж: „Ќе забременам дури само ако ги погледнам неговите фотографии“