По години среќа и убави моменти, Сека Алексиќ стави точка: Се изморив
Тоа е крајот на приказната за неа ...
Сека Алексиќ има успешна кариера и многу хитови, но во последните неколку години се проба и во друга работа. Имено, популарната пејачка ја гледавме во улога на водителка во шоуто „Мајки и снаи“, каде ги освои срцата на многумина и стекна нови верни обожаватели.
Споменатата емисија за прв пат беше прикажана во март 2021 година, а оттогаш Сека заедно со готвачот Раша е домаќин на бројни домаќинки од различни краеви на Србија.
„Мајки и снаи“ ги покажаа своите вештини во кујната пред камерите, а обожавателите на Сека уживаа во нивните натпревари.
Сепак, се чини дека на нивното пријателство му дојде крајот.
Сека на својот Инстаграм профил за време на сесијата за прашања и одговори со обожавателите откри дека шоуто „Мајки и снаи“ е крајот на нејзината приказна.
Кога еден обожавател праша дали ќе има шеста сезона, пејачката одговори:
„За мене тој проект е завршен. Одлично искуство, прекрасни продукциски луѓе. Уживав, но и се изморив“.
Извор: глориа.рс