По грешка добила 6 дози вакцина против корона: Имала само една нуспојава

Добивај вести на Viber

На 23 годишна девојка во Италија случајно и биле инјектирани шест, наместо една доза од вакцината на „Фајзер“ за време на вакцинацијата, а по превентивниот престој во болницата, била пуштена дома, пишува весникот „Ла национал“.

Девојчето кое било вакцинирано во градот Маса Карара, во регионот на Тоскана, забележало „само аларм“ меѓу вработените, а потоа и било кажано што се случило.

Превентивно девојката била сместена во болницата, каде што и бил даден тапипирин за време на набудувањето. Имала главоболка а немала други нуспојави, при што по 24 часа била пуштена од болницата.
Вакцинацијата во Италија ја спроведува медицински персонал, вклучително и завршени студенти по медицина кои сè уште не се вработени.

Човекот кој и ја дал вакцината го испразнил целото шише со лекот - 6 дози, и кога сфатил што сторил, како што пишува весникот, му се слошило.

Ова е грешка и редок случај во досегашната пракса. Весникот потсетува дека нешто слично било забележано претходно во Германија, но потоа била дадена четирикратна количина на лекови.

Во фазата на истражување, производителот на вакцината „Фајзер“, со цел да се утврдат ефектите од можното предозирање, користел само четири дози при вакцинирање на една личност.


Извор: Си-Ен-Ен

Фото: freepik.com