По неколку експериментирања на сцената, Марија Груевски во поинакво светло: Битолчанката го смени имиџот

Добивај вести на Viber

Нашата претставничка на овогодинешното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ Марија Груевска, остави посебен печат кај обожавателите.

Таа секогаш на сцена изгледуваше авангардна, уникатна и своја. Нејзините стајлинзи секогаш ги крадеа погледите на публиката, а особено воодушевена од неа беше српската дива Јелена Карлеуша.

Иако, го заврши шоуто во вториот пресек на гласовите ќе остане запаметена по необичните сценските настапи и енергијата што ја носи на сцена.

По завршувањето на шоуто, таа се пофали со промена. Имено, на Инстаграм сподели неколку сториња со кои се пофали дека направила промена на косата.

Додала екстензии и ја обоила косата, целосно руса.


Фото: Инстаграм/Марија Груевска

Можеби ќе ве интересира:

Марија како Клеопатра пристигна на сцената, Мите со „Ја излези Ѓурѓо“ ги наежи сите присутни: Како се претставија Македонците во финалето?