По операцијата се чувствував ослободена од карциномот: Сега живеам здрав и среќен живот

Добивај вести на Viber

Пред неполни пет години Билјана Георгиевска на 53-годишна возраст се соочила со дијагноза карцином на дојка. Иако правела редовни прегледи, грутката на градата ја открила сама, а мамографскиот резултат и биопсијата го потврдиле најлошото, инванзивен карцином. По препорака од пријатели, Билјана дошла на преглед кај д-р Караѓозов и оттогаш, како што вели, го наоѓа вистинското решение за сериозниот здравствен проблем. 

Пет години од тој момент таа ужива во секој нов ден, благодарна што животот ѝ понудил нова шанса да живее и да се радува со најблиските. Билјана отсекогаш се грижела за сопственото здравје, редовно одела на гинеколошки прегледи и правела ехо и мамографија на дојките. Секогаш резултатите биле одлични и не чувствувала никаков симптом што може да укажува на болест. Сè до оној ден кога сосема случајно ја напипала грутката во десната града. Како и секој од нас, секогаш наоѓаме логични изговори што не асоцираат на болест, па мислела дека грутката е резултат на неудобниот градник, ги променила сите градници, но грутката стоела и не ѝ давала спокој. Закажала веднаш мамографија, и иако требало неколку денови за да добие резултат, уште следниот ден ја контактирале за да ја повикаат на ехо-преглед кај докторката која ги видела резултатите на мамографијата. 

„По сериозноста на телефонскиот разговор, веќе претчувствував дека се работи за лоша дијагноза, па на прегледот заминав со една пријателка, немав сила да го земам сопругот со мене. Докторката ми кажа дека се работи за малигна болест на дојката и дека е потребно да барам доктор за операција. Дијагнозата карцином на дојка беше страшен шок за мене. Не сакав да се вратам дома, седев на клупата, плачев, не одговарав на телефон. Не сакав да поверувам дека ова ми се случува на мене. Веднаш помислуваш на најлошото. Помислив како ќе му кажам на семејството, на децата, на сопругот…“ се потсети Билјана на најтешките минути по соопштената дијагноза.


Д-Р МИТКО КАРАЃОЗОВ МИ ДАДЕ СИЛНА НАДЕЖ И ВЕРБА

Иако додека да стигне кај д-р Караѓозов, Билјана разговарала со неколку доктори, од денешна перспектива таа вели дека имала голема среќа што со семејството одлучиле да отидат во неговата ординација. Неговиот пристап бил клучен за Билјана да ја промени перцепцијата за болеста и да собере сила за животот по операцијата на карциномот.
„Докторот ми влеа голема надеж, што кога излегов од болницата мислев дека не сум веќе болна. Толку срдечно ме прифати, убаво разговараше со нас, ми ги посочи сите чекори кои ќе следат, ме подготви за сè што ќе ме очекува пред и по третманот. Тој не е само доктор, доктори има разни, меѓутоа тој има човечка димензија, посебен однос и пристап“, вели Билјана.


ПО ОПЕРАЦИЈАТА ВЕДНАШ ТРГНАВ НА РАБОТА, ХЕМОТЕРАПИИТЕ ГИ ИЗДРЖАВ НА НОГА

Операцијата поминала во најдобар ред, по 3 дена болнички престој Билјана заминала дома и веднаш тргнала на работа, без да земе боледување. „Од „Аџибадем Систина“ излегов како да сум целосно оздравена. Оваа силна верба благодарение на д-р Караѓозов беше пресудна психички да станам силна и да ја победам болеста. Затоа се одлучив веднаш да продолжам нормален живот, да ја работам работата што ме исполнува, да комуницирам секојдневно со многу луѓе, да правам сè што ме прави среќна. Толку ми влеа надеж што не зедов ни боледување, во вторник ме оперираа, во петок си заминав дома, а во понеделникот тргнав на работа. Дури и хемотерапијата ја примав и одев потоа на работа. Имав минимални несакани ефекти, кои ми се појавија околу шестиот ден од терапијата, но со голема поддршка од најблиските успеав да ги поминам навистина лесно. Примив 4 циклуси хемотерапии и 30 циклуси зрачна терапија.“

ПОДДРШКАТА ОД СЕМЕЈСТВОТО Е НАЈБИТНА

Низ целиот период на борба, неизвесност и страв мора да имате некој покрај вас, постојано да ве бодри и да ве крева. Тоа безрезервно го добивав од моето семејство. Тие беа тука секогаш за мене, ме тераа да јадам, кога ќе видеа дека сум тажна ме носеа на прошетка, едноставно ја чувствував нивната љубов и посветеност.

РЕДОВНИ КОНТРОЛИ, ЗДРАВ ЖИВОТ, МНОГУ ПРИЈАТЕЛСТВА

Билјана зрачи со позитивна енергија, обожава да патува и да истражува нови места, ја радуваат сите прошетки со семејството и пријателките. Болеста со која се соочила покрај негативните моменти оставила и трајни позитивни навики во нејзиниот начин и поглед на животот. Таа и претходно правела превентивни прегледи, а сега по операцијата тие се и задолжителни. На 6 месеци прави ехо на абдомен, ехо на дојка, крвна слика, гинеколошки преглед, а годишно прави мамографија и тумор-маркери. Сите испитувања се во ред, а Билјана ужива во секој нов ден, благодарна што животот ѝ понудил нова шанса да живее и да се радува со најблиските.

„Не е важно само да правите преглед, туку каде го правите!“ Од денешна перспектива, откако се запознав со условите во „Аџибадем Систина“ – најсовремени апарати за дијагноза и професионалци како што се д-р Маја Чапова и д-р Караѓозов, мојата порака до сите жени е дека не е важно само да прават преглед, туку многу е важно каде ги прават превентивните прегледи. Покрај технологијата, потребен е искусен кадар кој би ја воочил и најмалата промена. Во најдобрите раце се победува и најтешката дијагноза.