По примерот на Лејди Гага: Бредли Купер раскина со Ирина Шајк

По многубројните шпекулации, изгледа крајот навистина е тука за Бредли Купер и Ирина Шајк. Извор за „People“ потврди дека тие официјално се разделиле и дека работат на тоа како да го поделат старателството на нивната ќерка Леа Де Сеин. Леа е родена во 2017-та година.

Ваквите вести се раширија откако Ирина беше фотографирана без својот веренички прстен, и откако се отсели од домот на Купер.

Медиумите објавија дека двојката има потешкотии веќе подолго време, а причина поради која се уште заедно е нивната ќерка.

Инаку сите се сомневаа дека Бредли Купер е во тајна врска со Лејди Гага, со која беа двојка во филмот „A Star is Born“. Иако двајцата негираат, пред извесен период, и Лејди Гага ја раскина веридбата со нејзниот свршеник Кристијан Карино.