Култура // Настани
ПО 5 МИЛИЈАРДИ ПРЕГЛЕДИ: „Деспасито“ го снајде иста судбина како песните на Шакира и Селена Гомез
Истиот хакерски напад ја погоди и Шакира, Селена Гомез, Тејлор Свифт и Дрејк
Пет дена по објавата дека спотот на Луис Фонси во соработка со Деди Јенки официјално стана најгледаниот на Јутјуб бележејќи 5 милијарди прегледи, хакери успеале да го избришаат.
Луѓето едно време можеа да му пристапат на спотот, но наместо песната ги дочека фотографија со пет анимирани и маскирани луѓе со вперени пушки во камерата, што сугерира на хакерски напад.
Истиот хакерски напад ја погоди и Шакира, Селена Гомез, Тејлор Свифт и Дрејк, а оригиналните видеа се поставени на Vevo.
Хакерската група која се потпиша како Prosox and Kuroi’sh напиша "Free Palestine" под клиповите.