По трет пат татко: Џамбо Агушев одбра прекрасно име за ќерката

Добивај вести на Viber

Светски познатиот трубач од земјава, Џамбо Агушев, преку социјалните мрежи се пофали дека по трет пат стана татко, и дека овојпат доби ќерка.

Агушев го сподели и името кое со неговата сопруга го одбрале за штотуку родената ќеркичка. 

„Фала му на Бога, мојата ќерка Мелинам се роди. Добредојде во нашето семејство, моја убава ќерко!“ – напиша Џамбо на турски јазик на неговиот фејсбук профил.


Инаку, Џамбо и неговата сопруга Асена се во брак десет години. Плод на нивната љубов се ќерката Севги и синот Мерт, и новородената ќерка Мелинам.

Пред десет дена трубачот Џамбо Агушев, исто така преку социјалните мрежи се пофали дека неговиот албум според престижната „German Record Critics“ е прогласен за најдобар во светот за 2020 година.

Фото: Фејсбук