Победете го стресот со овие техники
Стресот може да се намали со каква било активност, од кратка прошетка до тренинг во теретана, па до пливање или возење со велосипед, ваше е да одберете што најмногу ви одговара.
Би требало да спиете од 7 до 8 часа секоја вечер. Ако имате проблем со спиењето обидете се со маска за спиење или со подобро замрачување на собата.
Истражување на Универзитетот Илиноис потврди дека гледањето во зеленило помага во борбата со стресот.
Зборувајте со некого кому му верувате и кој ќе ги задржи вашите грижи за себе. Тоа е еден од наједноставните начини за решавање на стресот.
Ако немате со кого да зборувате, тоа не треба да ве спречи да ги исфрлите сите негативности од својот систем, тврди Ханс и додава дека во тој случај е најдобро да зборувате сами со себе.
Стресот е составен од негативни емоции и негативни мисли кои ги собираме во телото и кои влијаат на нормалното функционирање на телото. Поради тоа, експерти советуваат дека е најдобро да напишете во писмо се што ве мачи. Едноставно е и не морате ништо да цензурирате, бидејќи тоа писмо секако нема да го праќате на некого.
Научете како правилно да дишете и посветете и се на медитацијата, советува Џулија Монтагу, нутриционист и инструктор по јога.
Исклучете ја целата технологија барем на половина час.
Правете го она што го сакате и пронајдете време за хоби, тоа ќе има големо значење за вашето ментално здравје.