ПОБЕДНИЧКА АКЦИЈА: Црниот петок на Hisense апаратите ќе трае до крајот на месец ноември
До крајот на ноември, Hisense нуди фантастични попусти на клима уреди и телевизори.
Зошто црниот петок да трае само еден ден или преку викенд, кога може да трае до крајот на овој месец?! Затоа Hisense има специјалнапобедничка акција во која до крајот на ноември имате можност да купите клима уреди и телевизори од овој светски познат производител.
Можеби се подготвувате за UEFA Euro 2024 Европското фудбалско првенство, чиј горд официјален спонзор е Hisense, и сакате навреме да обезбедите телевизор со одлична слика и спортски режим или сакате да ги намалите сметките оваа зима и да се погрижите температурата во вашиот дом да е онаква каква што сакате да биде – Hisense ви овозможува да одберете одлични апарати по промотивни цени.
Совршена слика
Hisense телевизорот е создаден за сè - за игри со својот Game Mode Plus режим, за поквалитетно гледање серии и филмови, а особено за спорт, со спортскиот режим, кој го носи искуството на стадионот во вашиот дом, но и за апликации и популарни игри преку паметната VIDAA платформа.
Во понудата во продажните салони на Сетек и Нептун се модели од 43, 50, 55, 65, па и 70 инчи, по промотивна цена, со UHD 4K или QLED 4K панели, во зависност од избраниот модел.
Hisense телевизорите кои во моментов се по промотивни цени имаат подобрување на сликата со вештачка интелигенција, опција која ја анализира содржината прикажана на екранот во реално време и врз основа на тоа го надополнува или подобрува квалитетот на сликата за да биде појасна и почиста и ја подобрува стандардната резолуција на висока без губење на квалитетот.
Моделите од најновата серија KQ, 50A7KQ и 55A7KQ, имаат технологии Dolby Vision Atmos и Quantum Dot, кои го подобруваат квалитетот на сликата, го прилагодуваат контрастот и прикажуваат повеќе од милијарда бои за правилно прикажување на секоја нијанса. Паметната платформа VIDAA обезбедува брз и лесен пристап до преку 150 безжични, кабелски, сателитски, DTV или стриминг содржини на едно место. Можете да пристапите до нив преку гласовна контрола или со помош на напредниот далечински управувач со кратенки до вашите омилени опции, а добрата вест е што исто така ќе можете полесно и побрзо да прикажувате содржина од телефонот на овие телевизори, со што ќе го збогатите искуството за гледање на голем екран уште повеќе. Hisense телевизорите имаат 5 години гаранција со регистрација на mk.hisense.com во рок од 30 дена од денот на купување на телевизорот.Секогаш свеж воздух
Во текот на ноември, Hisense Македонија нуди специјални цени за 3.5 kW инвертер клима уреди од линиите Energy Pro Plus и Energy SE, кои заштедуваат преку намалена потрошувачка на енергија, која е сертифицирана со највисоките енергетски класи А++ и А+++.
Понудените климатизери можат да греат и на температури од -20, па дури и -22 степени, а имаат и грејач на надворешна единица, што спречува замрзнување и го скратува времето на вклучување. Овие модели имаат Hi-Nano технологија со која се елиминираат честичките од корона вирусот.
Hisense клима уредите имаат модерен дизајн, трошат помалку електрична енергија дури и во режим на подготвеност, нудат поудобна гласовна контрола или пристап преку Wi-Fi мрежа и ConnectLife апликацијата и имаат опција за самочистење и целосна и бесплатна гаранција од 3 години.За време на Победничката акција во ноември, Hisense нуди одлични промотивни цени на телевизори и на клима уреди. Сите детали за сите модели вклучени во кампањата можете да ги видите на веб-страницата на Hisense Македонија, а попустот на телевизорите можете да го искористите во продажните салони на Сетек и Нептун.
ПР објава