Почина 37 годишна родилка од Охрид

З7- годишна родилка почина во Охрид. Направен е веднаш тест за коронавирусот, а плодот е изваден хируршки.

Се претпоставува дека жената починала поради сепса, но сепак земениот брис за Ковид-19 треба да утврди дали била позитивна на вирусот.

Повеќе информаци подоцна.

Инаку, на еден оддел на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје се третираат родилки кои се позитивни на новиот коронавирус, по сите протоколи и строго утврдени сатндарди.

„Само доколку има потреба од растоварување на работата на ГАК, сите други нормални случаи на бременост кои не се суспектни на вирусот, може да бидат префрлени на третман во гинеколошката болница во Чаир. Но, само доколку има потреба за тоа“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Инаку, синоќа на Клиниката за гинекологија и акушерство беше породена 27-годишна жена од Куманово во осмиот месец на бременоста.