Почина коосновачот на компанијата DM-Drogerie Markt, Günter Bauer
Günter Bauer, коосновачот и член на компанијата dm дрогерие маркт Австрија / CEE, почина во својата 76-та година од животот. Тој, заедно со својот долгогодишен пријател и партнер Götz Werner, во 1976 година ја основа компанијата dm дрогерие маркт во Австрија. Во следните години, тој учествуваше во успешното ширење на компанијата во единаесет земји. Благодарение на неговата работа и посветеност, денес подконцернот dm Австрија / CEE (Централна и Југоисточна Европа) работи со повеќе од 1.700 филијали, преку 21.000 вработени и остварува промет од речиси три милијарди евра. Со тоа dm важи за најголем дрогериски ланец во Европа.
Günter Bauer беше целосно посветен на својата визија да создаде деловно опкружување засновано на темели на вистински вредности и јасни ставови. Тежеше да создаде компанија која во центар го поставува човекот, како купувач, така и вработен, и која континуирано го унапредува своето работење, а во која довербата и почитта неизмерно вредат. Од друга страна, неговиот поглед на успехот се рефлектира во начелото дека е потребно компанијата да делува одговорно во пошироката заедница и дека општествено одговорното работење и фокусот на принципите на животната средина даваат конкретни и видливи резултати.
Компанијата dm дрогерие маркт повеќе од четири децении своите деловни активности ги заснова токму на животното дело, идеи и вредносни начела кои ги втемели Günter Bauer.