„Почина на 28 години“: Канје Вест на бизарен и застрашувачки начин го прослави раскинувањето на Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон

Добивај вести на Viber

Веста дека Ким Кардашијан раскина со Пит Дејвидсон изгледа најмногу го израдувала нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест.

Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон ставија крај на својата деветмесечна романса, а извор близок до парот изјавил дека далечината била главната причина што довела до разделба. Тие сепак се согласиле да останат добри пријатели.

Пукна тиквата: Познатата сестра Кардашијан раскина со 13 години помладиот комичар

Раперот Канје Вест изгледа едвај дочекал да ја прими веста за раскинувањето. Тој веднаш ја искористи можноста да се „пошегува“ на својот Инстаграм профил со невкусна и бизарна шала.
Имено, Вест објави фотографија на која жали за Пит Дејвидсон, т.е. алудира на неговиот погреб. Сите останати објави, а подоцна и оваа, раперот ги избриша од својот профил - Скит Дејвидсон штотуку почина на 28 години - пишуваше на црно-белата насловна што ја објави Канје, а патем Канје го нарекува Пит - Скит.

Ова не е прв пат Канје Вест да ѝ прави вакви работи на својата поранешна сопруга. Јавно ја молеше да се смират, им се закануваше на сите нејзини момчиња, купи куќа спроти Ким, а потоа отиде и чекор понатаму.

Кога го објави спотот за неговата нова песна Eazy, во него Канје рапува на дрвен ковчег, проследен со глинени фигури кои личат на Дејвидсон и на него самиот. Ликот на Канје го киднапира оној што го претставува Пит, потоа го врзува и го носи во напуштена област, каде што го закопува во земја до неговиот врат и му става семки од роза околу главата. Тие растат и цветаат со текот на времето, а Пит гледа како Канје ги бере и ги носи. Според американските медиуми, станува збор за јасна референца за букетите рози кои раперот ѝ ги испратил на Ким Кардашијан на Денот на вљубените.

извор:GLOSSY