Пукна тиквата: Познатата сестра Кардашијан раскина со 13 години помладиот комичар
Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон раскинаа по 9 месеци врска, а еве што наводно довело до раскинувањето на оваа позната двојка
Најпопуларната членка на семејството Кардашијан, Ким Кардашијан и нејзиниот партнер, комичарот Пит Дејвидсон, раскинаа по девет месеци врска.
Извор близок до Ким изјавил за „E!Online“ дека презафатениот распоред е премногу за да се одржи стабилна врска и поради тоа морале да раскинат.
Ким и Пит останаа во добри односи и останаа само пријатели.
Ова скандалозно раскинување дојде по уште поскандалозна врска, а за нив почна да се шпекулира на крајот на минатата година. Имено, во ноември конечно се дозна дека Ким и комичарот се заедно и повеќе не ја криеле својата врска, а врската дојде неочекувано и шокираше многу членови на јавноста бидејќи Ким започна бракоразводна постапка со Канје Вест со кој има четири децата.
Имено, Ким и Канје се во брак од 2014 година, а во последните неколку години Канје се бореше со психичко растројство кое ја принуди Ким да го прекине бракот.
Утеха најде во младиот комичар кој заведе многу познати убавици, а иако нејзините обожаватели беа навистина среќни поради врската со Пит, на нивната љубов очигледно ѝ дојде крајот.
Извор: dnevnik.hr