Изгледам подобро од 90% од планетата: Ги имаше најбујните облини, а сега се стопи, папараците ја уловија Ким Кардашијан на плажа

Добивај вести на Viber

Ким Кардашијан практично не „бомбардира“ со своите разголени фотографии на социјалните мрежи, но ретки се случаите кога можеме да ја видиме на нефилтрирани папарацо фотографии... Меѓутоа, неодамна папараците ја уловија ријалити ѕвездата на плажа за време на егзотичен одмор во островите Туркс и Каикос, а фотките докажуваат дека Ким навистина никогаш не изгледала подобро!


Таа продефилира на плажа во дводелен бел костим, кој го истакна нејзиното деколте и затегнатите нозе, а во ова бикини славната 41-годишна девојка јасно стави до знаење дека ја усовршила својата фигура.

Фото: Profimedia


Но, она што ги заинтригира сите е фактот дека Ким повеќе не може да се пофали со ултра-бујна позадина како некогаш... Дали на ова влијаело неодамнешното слабеење и губењето на 9,5 килограми или сепак отишла под нож - оставаме на вас да судите.

Фото: Profimedia


Таа и самата неодамна во интервју за магазинот „Allure“ изјави дека никогаш немала никакви естетски интервенции, освен дека одвреме-навреме вбризгува ботокс во пределот на челото.


„Никогаш не сум наполнила ништо со филери“, инсистираше Ким дека нема филери во усните или образите.

Во интервјуто таа истакна дека сака да биде совршена, но и дека ги прифаќа своите несовршености и е во мир со самата себе.

„Се грижам да изгледам подобро од 90 отсто од луѓето во светот“, рече Ким, откривајќи дека вечерите ги поминува на разни ласерски или козметички третмани, дури и кога има напорен ден.

Фото: Profimedia


Но, коментарите на новите фотографии на Ким се нижеа со брзина на светлината, а повеќето од нив се согласуваат во едно - веруваат дека старлетата со одредени интервенции го донела своето тело во состојбата каква што е денес. 

Фото: Profimedia

„Жената со годините постепено ги намалуваше задникот и колковите, јасно е како ден“, „Едноставно има сосема поинаква фигура од пред само 3 години, тоа не може да биде природата“, „Нејзините импланти се многу, многу помали од порано, дефинитивно ги намалуваше“, се само дел од коментарите.


Извор: zena.blic.rs