Почина Ники Лауда: Незапирлив трократен шампион на Формула 1
- Со длабока тага објавуваме дека нашиот сакан Ники почина мирно во кругот на семејството во понеделник. Неговите единствени остварувања како спортист и бизнисмен ќе останат незаборавни, како и неговата жед за акција, неговата директност и храброст. Тој е пример за сите нас, беше добар и грижлив сопруг, татко и ќе ни недостига- порача семејството на Ники Лауда во соопштението кое го пренесуваат медиумите во Австрија.
Ники Лауда е трократен шампион во Формула 1. Освои титули во 1975, 1977 и 1984, а возеше во 171 трка за Марч, БРМ, Ферари, Барбхам и Мекларен.
Лауда имаше проблеми со здравјето уште од 1976-та година кога имаше нереќа во Хокенхајм. Тогаш беше заробен скоро цела минута во болидот кој се запали, и доби големи опекотини на лицето, а исто така вдиши и токсични материјали.
Ова понатаму доведе до други здравствени проблеми и две трансплатации на бубрег во 1997 и 2005 година, а во 2018 легендарниот Лауда имаше трансплатација на белите дробови. Во јануари 2019, беше хоспитализиран поради инфекција на белите дробови.
Австриските медиуми шпекулираат и дека бил на дијализа во Швајцарија. Лауда почина на 70 години.