Почина од рак еден месец по свадбата: Потресната приказна на јутјуберот Даниел

Британската јутјуб ѕвезда Даниел Томас (32), почина минатата година во октомври, по тригодишна битка со редок саркоматозен карцином. Ден, кој ги помина последните три години од својот живот покажувајќи им на луѓето за важноста на медицинските прегледи, си отиде опкружен со љубовта на своите најблиски.

Тој ја остави зад себе неговата сопруга Беку со која се ожени еден месец пред да почине.

- Имаме лоши вести за сите вас, а на Ден можеби му е полесно сега, бидејќи повеќе не го боли ништо. Денес тој почина, и ви благодарам за поддршката што ни ја дадовте. Сега сакаме да го прославиме неговиот живот и сето она добро што го даде и направи за нашето семејство - напиша мајката на Ден.

Болеста му беше дијагностицирана во 2015-та година, и оттогаш имаше бројни операции и хемотерапија. Во текот на битката за нечеснат со тешката болест, Ден им се обратил на луѓето ширум светот да се грижат за своето здравје и редовно да одат на лекарски контроли.