Почнете веднаш: Седум навики за здрав и среќен живот
За да имате здрав начин на живот, важно е да внесувате здрави навики во вашата дневна рутина и да се придржувате до нив доследно.
Хранете се здраво
Изберете свежи и домашни прехранбени производи. Колку што можете повеќе, избегнувајте каква било преработена храна. Често содржи многу маснотии и малку хранливи материи. Одржувајте балансирана исхрана.
Пијте многу течности
Пијте најмалку 1,5 литри вода на ден. Водата помага да се намали телесната тежина, а исто така и помага на кожата да не биде сува.
Со јога против стрес
Вклучете часови по јога и медитација за време на вашиот напорен ден. Јогата и медитацијата можат да помогнат во борбата против стресот и непотребните мисли.
Вежбајте
Физичката благосостојба е исто толку важна како и вашата ментална благосостојба. Една од главните причини за болест и непријатност е стресот што доведува до вознемиреност и депресија. Вежбањето е научно докажан начин за ослободување на притисок и напнатост.
Седнете на подот
Повремено седете на подот наместо да користите маса за време на оброкот. Седењето со скрстени нозе ви помага при варењето.
Мијте ги рацете
Едно нешто што нè научи 2020 година е редовно да ги миеме рацете, особено пред јадење.
Не заборавајте на придобивките од туширање
Туширањето наутро не само што ве буди и подготвува за денот, туку исто така ја зголемува силата, сјајот и дава долговечност. Брзото туширање навечер пред спиење е одличен начин да се опуштите и да ја измиете „нечистотијата“ на денот. Исто така е стимуланс за добар сон.
Извор: крстарица.ком
Фото: Freepik.com
Moже да ве интересира:
Цел свет ви е виновен наутро? Правете ги овие 4 нешта и ќе станете „morning person“