Почнува масовна вакцинација кај нас: Спортските сали се спремни, само во првата недела ќе бидат вакцинирани 35.000 граѓани
По пристигнувањето на 200.000 кинески вакцини од компанијата Синофарм, од денеска во Македонија почнува масовната вакцинација на голем број пунктови во повеќе регионални центри, и тоа во Битола, Штип, Охрид, Кавадарци, Тетово, Куманово и Охрид.
Дел од градоначалниците во текот на вчерашниот ден објавија дека вакцините се пристигнати во нивните градови и дека се распоредени на вакциналните пунктови.
-Во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ утре ќе започне масовна вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево. Вакцинирањето ќе се одвива според протоколот за имунизација утврден од страна на Министерството за здравство и согласно закажаните термини. Денеска пристигна првата пратка од 7200 вакцини од производителот "Синофарм". Дистрибуцијата на предвидените дози наменети за регионалниот центар ќе се одвива последователно во зависност од капацитетот и условите за чување, напиша во неговата објава на Фејсбук, охридскиот градоначалник Константин Георгиевски.
Деталите на Фактор, тука.