Подароците за Велигден од „Президент“ ги развеселија граѓаните
Неколку дена по ред пред домовите на нашите граѓани осамнува подароци за Велигденските празници. Прекрасно спакуван подарок со книга со рецепти и кулинарски идеи, кутија со јајца и Президент црвени бои за јајца ги развеселија и расположија оние пред чии домови пристигна неочекуваниот подарок.
Во изминатите денови тимовите на Президент ги обиколува населените места, носејќи радост во домовите, со мисла и желба оваа Велигденска акција да стане традиционална.
Со оглед на моменталната состојба и соодветните мерки за спречување на ширењето на Корона вирусот, тимовите на Президент носеа маски и ракавици и не влегуваа во домовите на граѓаните, туку ги доставуваа пакетите со бесконтактна достава.
Велигденските подароци најмногу ги развеселија постарите лица што се изложени на ризик и им помогнаа да останат дома, да ги избегнат метежот и вревата во продавниците и да го зачуваат здравјето.
Со оваа акција за време на празниците, Президент ја истакнаа својата општествено-одговорна улога, а целта на оваа иницијатива освен да ги израдува граѓаните, е и да ги охрабри останатите компании да покажат интергенерациска солидарност и грижа за другите.