„ПОДАРУВАМЕ И ДОНИРАМЕ СО FaceDesign“ - МОЌНА КАМПАЊА ЗА ЖЕНИТЕ ОД ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ БРЕНД ЗА ТРАЈНА ШМИНКА И МЕДИЦИНСКИ КОЗМЕТИЧКИ ТРЕТМАНИ

Добивај вести на Viber

Интернационалниот бренд за трајна шминка и козметички третмани, FaceDesign,целиот месец март го посветува на жените! 

Сите оние кои сакаат да го закажат својот третман во FaceDesign, само овој месец, во знак на женското здравје и убавина, со секое закажување, ќе добијат уште еден третман како подарок.

Брендот не само што подарува, туку и донира. Овој месец, 10% од вкупните приходи ќе бидат донирани на жените борки од здружението „Една Може“ со цел да им се помогне на жените на кои навистина им е потребно. Освен тоа, единствено во овие простори, FaceDesign овозможува бесплатни третмани за реконструкција на ареола за жени кои се во постоперативна фаза во борбата со ракот и на кои им е потребна нивната помош.

Тие велат „Со заеднички сили можеме да бидеме убави и здрави.“, а оваа моќна порака е создадена преку видеото „Жената е..“. Во видеото се појавуваат Ана Даја Гри, модната дизајнерка и сопственичка на модното студио „Ана Даја Гри“, претседателката на „Една Може“, Дороти Пачкова, писателката и дизајнерката на накит, Марија Лозаноска и Мари Хендрик, сопственичка и артистка за трајна шминка во „FaceDedign“. Тие ќе ви ја раскажат #FaceDesign осмомартовска приказна создадена од жените за жените со многу љубов!

- Честит празник! Честит 8 Март! Бидете среќни, сакани, успешни! Вие сте прекрасни, а вашата енергија, страст и љубов е вашата најголема моќ и сила! Огромна благодарност до сите учеснички, прекрасни жени со кои соработувавме и секако, благодарност до Дарио Јанковиќ, General Studio за тоа што овозможи да ја прикажеме оваа порака до сите вас! Ги повикуваме сите жени заеднички да бидеме убави и здрави. Со оваа акција сакавме да ги опфатиме сите жени, а со тоа да можеме да подариме и да донираме таму каде што е најпотребно.“ - изјави Мари Хендрик

Погледнете ги изјавите на следното видео и уживајте во оваа искрена и моќна

кампања:


*ПР објава