Подгответе се за зимата со топлинските пумпи на LG
Секојдневно околу нас се случуваат промени. Без разлика дали ги очекуваме или не - треба да бидеме подготвени за нив. Затоа е важно да изградиме опкружување на кое можеме да му веруваме. Во домот е неопходно е да ви биде удобно, да се чувствувате како дома. Во периодот на зимските месеци тоа е можно кога ни е топло и пријатно. Кој е најсигурниот извор на греење што не се базира на гас, јаглен или дрво? Одговорот е - топлинските пумпи на LG. Тие им обезбедуваат на потрошувачите совршено решение за сигурно и одржливо загревање на домот, кое сигурно ќе овозжи удобност во домот, за која сонуваме, а истовремено е одговорно и за животната средина. И на крајот, но не и најмалку важно - ќе се грижат и за ладење во лето, на подеднакво одржлив начин!
Зошто сме толку сигурни? Топлинските пумпи на LG се тивки, не бараат посебно одржување и се дизајнирани имајќи ги предвид удобноста и животната средина. Корисни се и за новоизградените и за реновираните куќи.
LG THERMA V air-to-water топлинската пумпа е одржливо решение за греење за домот со ниска содржина на јаглерод. Додека повеќето други системи за греење се базираат на фосилни горива, LG користи обновлива енергија за генерирање топлина со комбинирање на 20% електрична енергија и 80% надворешен воздух, што ја прави THERMA V еколошки прифатлива алтернатива на застарениот бојлер кој користи фосилни горива за топла вода и греење. Како и клима уредот, топлинската пумпа може да го разлади домот, но уште поважно за тековната сезона - може и да го загрее и да обезбеди топла вода, во текот на целата година со А+++ рејтинг за енергетска ефикасност. Дури и при ниски температури на околината, системите обезбедуваат греење со 100% излезна моќност до -15℃ (кај моноблок моделите).
Покрај нивните предности, топлинските пумпи на LG имаат неколку опции. Ова им олеснува на корисниците давајќи им избор. Изборот кој модел би бил најефикасен за кој простор зависи од типот на системот за греење што корисникот моментно го има. Дали постои бојлер за топла вода? Ако не, има ли простор за тоа? Дали има подно греење и/или радијатори? Типот на системот и конфигурацијата можат да варираат, а за секоја дадена околност постои решение.
Еден вид топлинска пумпа е системот LG Therma V Monobloc. Како што сугерира неговото име, системот Моноблок се состои од еден модул - една надворешна единица. Ова овозможува оптимално користење на внатрешниот простор. Се поврзува само со бојлерот, без дополнителна инсталација на внатрешна единица. Системот LG Therma V Monobloc е лесно решение за замена на бојлерот и најдобро решение за комбинација со бојлер, со што се елиминира ризикот од истекување на средството за ладењево куќата бидејќи единствениот елемент што влегува таму е водата.
За разлика од LG Therma V Monobloc, LG Therma V Hydrosplit моделот вклучува надворешна
единица и посебна внатрешна единица. Ризикот од истекување на течноста за ладење во домот е исто така елиминиран со LG Therma V Hydrosplit, бидејќи водата тече само во затворениот простор. Sидната единица што брзо се инсталира и подната единица со интегриран бојер се главните карактеристики што придонесуваат за ефикасно користење на секој агол и пукнатина во домот. Покрај тоа, не треба да инсталирате дополнителен бојлер бидејќи подната единица веќе има еден. Различни опции за внатрешна единица се достапни и за Hydrosplit системите, како што се ѕидните единици и оние со интегрирана воден резервоар.
Уште една опција е LG Therma V Split, кој го заштедува просторот со ѕидна или подна монтажа во затворен простор. Може да се вгради во широк спектар на домови, со канали до 50 метри. Топлинските пумпи со мал капацитет се особено барани за новите куќи кои ги исполнуваат барањата на добро изолираните згради. За посложени инсталации LG Therma Split може да се инсталира подалеку од имотот. Надворешната единица е помала од онаа кај LG Therma V Monobloc, што ја олеснува инсталацијата и со помалку цевки, со интегрирани хидро компоненти вградени во внатрешната единица.
Решенијата во вид на топлински пумпи претставуваат технологија која помага да се намали негативното влијание врз животната средина. Можеби ќе ви треба LG Therma V Monobloc систем, кој е идеален за оптимизирање на внатрешниот простор. Monobloc решенијата ја прават домашната или работната средина безбедна без ризик од истекување на средството за ладење. Системот LG Therma Split е идеален кога е потребна флексибилна инсталација на отворено. Без оглед на вашите барања, LG може да ви помогне да го изберете вистинското решение за air-to-water топлинска пумпа. Може да ја искористите и 5-годишната програма за одржување на LG Therma V, која важи до 31 декември, 2023 година. Целосните информации може да се најдат во партнерската мрежа на LG.
ПР објава