Поголемата ќерка на Мики и Светлана Црнокрак слави роденден: Убавата Моника, по стапките на мама, веќе има освоено неколку титули за убавина

Светлана и Мики Црнокрак, двојката која повеќе од две децении е во брак и успешно го води модното студио „Црнокрак" се родители на две ќерки. 

Постарата ќерка Моника која дипломираше на Економскиот факултет веќе тргна по стапките на своите родители освојувајќи неколку титули за убавина, додека пак помалата Нина  има 10 години.

Убавицата Светлана е горда на ќерка си Моника, која е цела на мама

А вчера Моника го прослави својот 23-ти роденден.

Таа објави фотки со сестра си, малата Нина, и со мајка ѝ

Како и прекрасен букет цвеќе кој го добила од момчето.

фото:instagram