Погребот на Ивана Трамп го обедини семејството, Меланија го игнорираше конфликтот, а се појави измамената снаа која синот на Трамп ја предаде

Добивај вести на Viber

На погребот на Ивана Трамп во Њујорк се појави сопругата на Доналд Трамп, што беше пречекано како големо изненадување, а и беше?

Неколку дена пред погребот на Ивана Трамп, извор близок до семејството за „Дејли мејл“ изјавил дека Меланија Трамп нема да оди на погребот. „Очекувано“, се шушкаше, а причина за ваквиот коментар беше конфликтот меѓу овие две жени, поточно тивок конфликт кој траеше со години.

Што се случуваше зад сцената во претходните години можеби некогаш ќе се знае, но добро е познато дека Ивана Трамп во едно интервју изјави дека е единствената прва дама на Америка, алудирајќи на тоа дека била првата сопруга на Доналд Трамп. Таа немаше пофални зборови за Меланија, чиј портпарол ги сметаше зборовите на Ивана како желба да привлече внимание.  

Дали вчерашниот повод беше доволна причина Меланија да се појави на погребот и да ги прекине расправиите, излишно е да се каже. Сепак, вчера можеше да се слушне дека нејзиниот израз на лицето на овој настан укажувал дека неволно дошла на последното збогување на Ивана Трамп. Се прашуваме како сигурно изгледало нејзиното лице и дали желбата да присуствува била искрена или не, тоа останува за неа, но факт е дека таа го почести настанот. Можеби некој ќе помисли дека ќе беше поучтиво да не одеше, но сосема е сигурно дека ќе имаше слични коментари и да не одеше на погребот. 

Покрај нејзиниот сопруг, со неа бил и нејзиниот син Барон. А внимание привлече и доаѓањето на поранешната снаа на Трамп, Ванеса Трамп, која се разведе од Доналд Јуниор Трамп во 2018 година, по 12 години брак. Разводот бил турбулентен и, според некои извори, инициран од неговата прељуба. Во тоа време на големо се пишуваше дека причината е неговата скржавост, односно фактот дека многу ги ограничил финансиите на поранешната сопруга. 

Ванеса ѝ оддаде почит на Ивана Трамп, а на погребот беше покрај нејзиниот поранешен сопруг, кој дојде со сегашната свршеница. Поранешниот пар се грижеше за своите деца, кои погребот го доживеаја многу емотивно. 

На некои фотографии можеше да се видат непријатни погледи меѓу Ванеса и сегашната партнерка на синот на Трамп. Случајност или не.

Ивана Трамп почина на 14 јули во својот дом во Њујорк, откако падна по скали. Таа имаше 73 години.


Фото: Профимедиа

Можеби ќе ве интересира: 

Ивана се мажеше 4 пати, а Трамп ѝ го скрши срцето: Вака зборуваше за него