Се оствари втората страшна претпоставка: Откриена е причината за смртта на Ивана Трамп

Ивана Трамп, поранешната сопруга на некогашниот претседател на САД, Доналд Трамп, е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Њујорк, а сега е позната и причината за смртта.

Ивана е пронадена на почетокот од скалилата во својот стан, па полицијата претпоставувала дека дошло до пад, меѓуота не било позната што довело до тоа.

Имаше повеќе претпоставки околу смртта на Ивана, а една од нив гласи дека во прашање е изненадна смрт, која претходела на падот и друга претпоставка која вели дека смртта настапила поради падот.

За жал, точна е втората претпоставка - смртта настапила поради падот, односно поради тапиот удар во градниот кош, кој го доживеала Ивана.

Лекарот потврдил дека смртта не е сомнителна и дека се работи за несреќен случај, па така отстранет е секој сомнеж. Семејството и пријателите се збогуваат со Ивана, а најемотивна порака испрати нејзината ќерка Иванка, која ја опиша како секогаш насмеана жена и вети дека таа и нејзините браќа секогаш ќе го негуваат нејзиниот спомен.

Ивана Трамп и пред бракот со Трамп беше успешна и позната жена. Таа, како Ивана Зелникова, многу млада емигрирала во Канада од родната Чехословачка, а набрзо поради нејзината бескрајна убавина ѝ пристигнале првите понуди да се обиде како модел. Тоа го работела со голем успех, а секогаш истакнувала дека моделингот за неа е работа, но не и кариера.

За потсетување, Ивана во бракот со Доналд доби три деца, Доналд, Ерик Иванка, а нивниот прак преполн со турбуленции, според зборовите на Ивана најлошо влијаел на нивните деца.

фото: Профимедиа

Може да ве интересира:

Ивана се мажеше 4 пати, а Трамп ѝ го скрши срцето: Вака зборуваше за него