Појма немаме колку ни се реално заразени во државата бидејќи тестовите или ќе погодат или не: Сања со искуство од коронавирусот

Сања Ристиќ, која го отпеа легендарниот детски хит „Ех, тој Тоше“, а сега и позната инфлуенсерка меѓу мајките, сподели свое искуство на Фејсбук, за коронавирусот во нејзиното семејство.

„А исто може и сабајле да направите тест во Жан Митрев и за два часа да ви се јават дека сте позитивни, па со оглед дека сте со срцева маана да излетате во Авицена и да молите за итен тест од брис и од крв кои се НЕГАТИВНИ, па да земете уште два мобилни тестови за преку крв дома и да се исто НЕГАТИВНИ и тоа без антитела (значи никогаш не сте ни имале Корона вирус) а вие да се водите како позитивен случај, без секако никаков симптом!

На жалба на лицето во СЗО и во полиција добивате одговор дека "се водите како позитивен и дека таа е процедурата, мора самоизолација 14 дена", а дека останатите тестови можно е да се "лажно негативни", ама првиот е точно позитивен (овде секако сфаќате колку е работата сериозна) .Притоа целото семејство, сите со кое лицето имало контакт (меѓу кои и јас и моите најблиски), сме исто така негативни.

Ако ни е бројката вака сигурна за сите "новозаразени" алал вера на паранојата!

На крај вистината е дека ние ПОЈМА НЕМАМЕ колку ни се реално заразени во државата бидејќи тестовите се 50-50 точност, или ќе погодат или не...

200 пати се предомислив последниов период дали да го напишам статусов ама сериозно ова не е фер! Срамота е и е на штета на психичкото здравје пред се и целиот стрес што го искркавме!

И да, верувам дека постои вирусот, верувам дека треба да се почитуваат мерки и за нас и за загрозените околу нас и верувам дека има заразени во критична состојба, но НЕ верувам ни од блиску на бројката што се пласира!“