ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 17 ИЛИ 18 ЧАСОТ ЌЕ ИМА ПОДОБРИ РЕЗУЛТАТИ: Ќе се дефинира на Советот за безбедност, најави премиерот Заев

Добивај вести на Viber

Со оглед на состојбата со коронавирусот, надлежните размислуваат за некоја форма на карантин или други рестриктивни мерки.

Епидемиолошката слика во земјава постојано се следи, и сите ресурси се посветени на ова прашање, истакна премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју во ТВ 21, истовремено нагласувајќи дека граѓаните треба да знаат дека од 1. ноември R факторот на преносливост се намалува и тоа ќе продолжи така доколку продолжат да се спроведуваат актуелните мерки за заштита.

-Се размислува и за некоја форма на карантин или други рестриктивни мерки. Ги правиме анализите и ќе стигнеме до следните чекори. Мнозинството во комисијата е на ставот дека полициски од 21:00 часот нема да даде некои резултати, додека ако биде од 17:00 или од 18:00 ќе има подобри резултати и сето тоа сега се одмерува и овие денови ќе биде одржан состанок на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски и можно е таму да се дефинира некоја од мерките. Јавниот здравствен систем ги има сите капацитети и сé е ставено на располагање за справување со КОВИД-19. Во вонредна состојба државата има можност времено да национализира и сите капацитети да бидат ставени на располагање еднакво за сите граѓани, но јавниот здравствен систем е опремен и има стручни кадри за справување со оваа ситуација, истакна премиерот Заев.

Во однос на набавката на вакцината, што рече премиерот Заев, прочитајте на Фактор.мк