Полна месечина во близнаци носи вербални провокации: 4 хороскопски знаци да се подготват за турбуленции
На 8 декември нè очекува Полната Месечина во Близнаци,
која ќе долови аспект со ретроградниот Марс, кој исто така престојува во
овој знак, па ќе биде вистински предизвик за сите луѓе да се воздржат од
погрешни зборови и одлуки.
Полната месечина кај Близнаците ќе биде многу чувствителна во наредните денови, бидејќи ќе видите дека сите луѓе имаат потреба да ви кажат се што ќе им падне на памет. Поривот е да не кажеме груби зборови за кои подоцна би можеле да зажалиме.
Полната Месечина во аспект со Марс ќе предизвика одредени луѓе да носат одлуки од гнев кои ќе бидат сосема погрешни. Не треба да си дозволиме да носиме одлуки во афект кој ќе биде целосно погрешен за иднината овој декември, кога се‘ уште трае тешкиот период.
Полната месечина најсилно ќе влијае на овие 4 знаци:
БЛИЗНАЦИ
Од сите знаци, вие најмногу треба да внимавате на полната месечина, бидејќи ќе бидете склони кон лоши одлуки, а вашата психичка состојба ќе биде лоша. Ќе почувствувате наплив на гнев што може да ве наведе да донесувате одлуки за кои подоцна може да се каете. Ќе почувствувате бес во наредните денови.
СТРЕЛЕЦ
Полната месечина кај Близнаците во седмата куќа ви носи криза во партнерските односи. Ако сте во брак, вие и вашиот партнер ќе имате потреба да си кажувате зборови кои можат да ве повредат во иднина. Дури кога ќе помине полната месечина, можете да сфатите дека погрешно сте протолкувале некои ситуации со луѓе кои ви се важни.