Полна месечина во Риби доаѓа на 10 септември: Овие 3 знаци ги чека драма на сите фронтови

Добивај вести на Viber

Септември ќе биде тежок за три хороскопски знаци, поточно на 10 септември кога на небото ќе се појави Полната Месечина. Освен тоа, во септември дури шест планети ќе бидат под влијание на ретроградниот Меркур.

Полната месечина во септември ќе се појави на 10 септември. Иако полната месечина е период за преземање акција, овојпат поради интензивно ретроградно, подобро би било да се почека со планови и конкретни потези, но и со какво било ненадејно одлучување.

Како и секогаш, полната месечина ќе донесе драма, а особено следните три знаци на Зодијакот ќе ја почувствуваат на своја кожа:

БЛИЗНАЦИ

Ова е многу важен период за кариерата и јавната слика на сите Близнаци, па можно е луѓето родени во овој знак да почувствуваат притисок за тоа каков впечаток оставате на околината. Ова ќе биде период исполнет со акции за вас и можеби ќе се чувствувате принудени да преземете големи потези, но ова не е време за такви одлуки. Наместо тоа, почекајте што е можно подолго пред да донесете важни одлуки, пишува „Bustle“.

ДЕВИЦА

Полната месечина во Риби особено ќе влијае на вашите врски. Можно е повторно да стапите во контакт со некои поранешни љубови, додворувачи или пријатели, особено за време на ретроградниот Меркур. Ова е можност да тестирате колку сте силни кога станува збор за развивање односи со луѓето околу вас. Ова ве поттикнува да заборавите на гневот или старите ставови кои ве спречија да се помирите и ви сигнализираат да продолжите напред. Веројатно ќе бидете збунети околу тоа кој е добар за вас, а кој не, но полната месечина ќе ви помогне да го сфатите ова, па дури и ако е болно откритие, дека некој не е како што мислевте.


Следна страна