Полната месечина во Овен безмилоснa: Овие два знака се на удар, ќе направат радикални потези и ќе стават крај на љубовната врска
Полната Месечина во знакот Овен носи драстични промени
Полната месечина отсекогаш била многу интересна појава. Така е и овој пат.
На 29 септември, на 6 ° Овен, има кулминација на Полната Месечина во Овен под влијание на Марс во знакот на Вага.
Каква е завршницата и како ќе завршиме?
Марс во знакот Вага е неповолна позиција за енергијата на Марс и затоа на многу работи кои не се во ред во љубовните врски сега се при крај, особено што оваа полна Месечина ја активира и оската на јазли кои зборуваат за значајни реченици кои се слушаат од двете страни. Јазлите секогаш го носат влијанието на кармата, што може многу да се почувствува кај луѓето под знакот на Јарец и Рак.
За сите вас кои имате стабилни љубовни врски, ова е моментот кога ставате крај на љубомората и контролата (знак Овен) од двете страни и доколку сакате вашата врска да биде стабилна, тогаш внимавајте да не ја испровоцирате самата партнерска врска. (особено ако сте родени во знакот на Рак, Јарец, Вага или Овен).
За сите оние кои имаат некакви полуврски или полу односи, оваа Полна Месечина во знакот на Овен ја носи конечната разрешница на сето она што се случува изминативе 15 дена. Потрудете се да размислите колку ви е важно да останете во врска која можеби не е вистинската врска. Размислете за тоа што е активирано во последните 15 дена и дефинирајте ги вашите потреби.
Симболиката на полната месечина е многу изразена и преку односите со јавноста и луѓето воопшто бидејќи Марс во Вага е показател за прекумерна потреба да се биде во контакт со другите.
Најважно е да го зачувате вашиот внатрешен мир и хармонија со себе бидејќи сè околу нас зависи од тоа.
foto: pexels