Полуматурантки и шминка: Што да се избере за посебната ноќ, како до посакуваниот изглед?

Факт е дека 15-годишните девојчиња, подготвувајќи се за посебната ноќ во животот - полуматурската вечер, сакаат да изгледаат убаво. Но, во таа намера ги „задржуваат“ нереалните желби, па често се експлицитни во намерата да изберат „агресивна“ шминка и премногу сериозна фризура.

На оваа тема ги прашавме експертите во областа шминка и фризура, што да изберат девојчињата, а да биде согласно нивните години.

„Што се однесува до полуматурантките мојот совет е помалку е повеќе. За таа прилика идеални се нежни земјени нијанси во комбинација со ведри пролетни бои. ББ креми или доколку се одлучат за пудра тоа да биде со лесна покривна моќ, сѐ уште се млади и прекрасни сами по себе, па нема потреба од премногу шминка. Јас би избегнала вештачки трепки, и јаки контури, доволни се нежни нијанси на руменило и сјај на усните. И секако насмевката е таа најважната-вели нашата соговорничка Елеонора од Beautyboxkoko студио.

Полуматурантите треба да ја подготват и косата пред правењето на содветната фризура.

- Би советувала косата пред сѐ да е негувана и скратена. Само таква „здрава“ коса е предуслов за фризурата да изгледа убаво. Полуматурантите никогаш не треба да ја фарбаат косата, а фризурата да биде што поедноставна - ни изјавија од еден скопски салон во поглед на фризурите за полуматурантките.

Може да експериментраат со локни и со некоја несериозна фризура. Средната дожина на коса е ин, вели нашата соговорничка.

На крај за што и да се одлучат девојките, најважно е да се чувствуваат убаво и среќно.


И.С.