Поместување на часовникот најмногу влијае на жените

Добивај вести на Viber

Досегашните истражувања покажаа дека поместувањето на часовникот влијае на нашето здравје, но влијае и на нашиот изглед.

Како што пишува британскиот сајт „Mirror“, дерматолозите советуваат дека треба да посветите внимание на кожата бидејќи  промената на сметањето на времето придонесува за побрзо стареење. Еден час помалку спиете, а тоа влијае на нашиот утрински часовник поради кој кожата брзо старее.

„Нарушувањето на нашиот биолошки часовник има негативни последици, кои најмногу влијаат на кожата“, вели Кендис Браун, дерматолог на клиника во Лондон.

Потребни ви се 2,3 часа да се вратите во нормала, а посебно кожата која има сопствен ритам и функционира така што се обновува во одреден период од денот – наутро или навечер.