Понеделнички хороскоп: Големи промени за неколку знаци
Овен
Имате потреба да направите поголеми промени на себе, па започнете од косата. Имате впечаток дека поранешен добар пријател ги има истите чувства како и вие, па се подготвувате да и пријдете.
Бик
Ѕвездите ја потенцираат вашата потреба за истакнување. Ќе ви се расипе енергијата и ќе бидете брзоплети. Ќе ви пречат советите и помошта од другите.
Близнаци
Немате едногласна поддршка од околината, затоа внимателно бирајте на кој ќе ги раскажувате вашите планови. Сепак, ова е време кога ќе искристализирате некои површни односи и ќе ги поправите грешките од минатото.
Рак
Изминатиов период имавте многу проблеми, но денес ќе ги решите. Вашата врска со саканата личност полека напредува во посакуваниот правец. Можни се многу нови пресврти.
Лав
Вашата привлечност и енергија ќе бидат истакнати, а погледите на другите ќе се задржат на вас. Патите за некоја личност, епа таа ќе ве контактира денес и ќе ви даде надеж. Паричната ситуација и понатаму е поволна.
Девица
Ќе работите на зацврстувањето на односите со пријателите и во тоа ќе вложите многу нерви и време. Љубовниот живот ќе се одвива на старомоден начин, вкучувајќи го флертувањето и дружењето.
Вага
Чувствувате голем притисок кога се пријателските средби во прашање и не ви е лесно да се носите со него. Покажете му ги искрените емоции на партнерот.
Шкорпија
Можни се промени во друштвеното окружување, но вие ќе се држите настрана од истите. Размислувате да ја прекинете врската во која повеќе не се пронаоѓате. Потрудете се да бидете искрени.
Стрелец
Околината нема да има разбирање за вашите потешкотии. Ќе се повлечете во себе и без задоволство ќе ги споделувате своите проблеми со другите. Повеќе внимавајте на исхраната, откажете се од вечерата.
Јарец
Денес е ден за промени. Важно е во секоја ситуација да верувате во себе. Партнерот буди во вас нови емоции и убаво ви е кога сте покрај него.
Водолија
Денес имате можност да останете малку сами. Време да си поразговарате самите со себе. Претерувате со критиките и тензијата која ја внесувате во вашиот однос со партнерот.
Риби
На љубовно поле ќе бидете задоволни. Некој ќе сака да се сретне со вас, а претчувството дека таа личност ќе ви додева, нема да биде далеку од вистината. Внимателно располагајте со парите.