Понеделнички хороскоп: Некои хороскопски знаци ги очекува многу тежок ден

Добивај вести на Viber

Овен

Многу тежок ден е пред вас и ништо нема да оди онака како што сакате.  Загрижени сте за училиштето, а тоа ве кочи и во љубовна смисла. Немате енергија да и се посветите на саканата личност. 

Бик 

Ве очекуваат компликации на училиште и ви треба многу трпение за да успеете да го постигнете тоа што го посакувате.  Разочарани сте во саканата личност и сметате дека многу работи одат по погрешен пат. 

Близнаци

Не брзајте. Важно е да се сконцентрирате на училиштето.  Иако сакате прекин на врската, сепак добро е прво да размислите за тоа. 

Рак

Изгубивте надеж дека ќе се појави личност со која ќе остварите супер односи на училиште.  Барате стабилност во љубовта, но не сте расположени за врска овој период. 

Лав

Ви се случуваат добри промени. Уживајте во нив.  Постои дистанца меѓу вас и саканата личност. Можно е да дојде до прекин на врската. 

Девица

Ако планирате патување, пред вас е добар ден за тоа.  Ви се допаѓа личност која се покажала како оригинална, своја и различна од другите. 

Вага

Загрижени сте за трошоците и финансиите. Работите не се како што очекувавте.  Губите доверба во партнерот. Пред вас е неповолен период. 

Скорпија

Имате впечаток дека работите не одат добро и барате план Б.  Можно е да се јават проблеми за оние кои се во врска. 

Стрелец

Пред вас е генерално добар ден, работите одат онака како што сакате.  Ве очекува можност да влезете во врска.

Јарец

Ќе успеете да ги остварите своите планови. Можете да очекувате дека денешниот ден е поволен за завршување на училиште обврски.  Не сте сигурни во своите чувства и ви се чини дека сакате прекин на врската. 

Водолија

Во текот на денешниот ден би можеле да имате компликации на училиште, но со помош на соучениците ќе дојдете до решение.  Ве очекува добар ден за љубов. Можете да се надевате на средба со личноста која ви значи. 

Риби

Доаѓаат добри промени на полето на училиште.  Дистанцата меѓу вас и саканата личност зазема замав. Можно е да дојде до прекин на врската.