ПОПРВО БИ ЧИСТЕЛЕ ОТКОЛКУ ДА СЕ ДОТЕРАМЕ: Женски ритуали пред сексуален однос
Пред сексуалниот однос, жените имаат низа ритуали кои им помагаат да се чувствуваат посигурно кога ќе дојде време за самата акција. Ова се седумте женски заводнички тајни.
- Жените избираат градник и гаќички кои се во тон. Иако долната облека не се носи долго, важно им е да му остават добар впечаток на партнерот.
- Се трудат на денот на состанокот да јадат што помалку, за да изгледат послаби. Со оглед на тоа дека за сексуалниот однос е потребна енергија, ова не е многу паметен потег.
- По цел ден, повеќето од нив подготвува специјална атмосфера во која ќе уживаат со партнерот. Внимателно бираат музика и романтични детали со кои ќе го украсат станот.
- Истражувањата покажуваат дека повеќето жени му даваат предност на чистењето на станот отколку на дотерувањето. Ако ѝ недостасува време а треба да избира, жената се одлучува за првата опција, подобро да ѝ е чисто отколку да е совршено средена.
- Како што се ближи средбата со партнерот, жените го користат секој миг да проверат дали убаво мирисаат.
- Секако, и депилацијата е важен момент, битно е да го елиминираат секое влакно од телото.
- Повеќето од нив, кога ќе го направат сето ова погоре, се погледнуваат во огледало и си се насмевнуваат самите на себе си.
Извор: Жена- Блиц.