,

„Попрво би умрела отколку да бидам грда“: Девојките масовно ја купуваат оваа опасна работа, а последиците можат да бидат фатални

Добивај вести на Viber

„За 10 дена без солариум до совршен тен“, ветува оваа бизарна направа, а експертите ги предупредуваат луѓето воопшто да не ја користат!

Солариумите и покрај нивната штетност и спрејовите за самопотемнување кои најчесто даваат портокалова боја, сепак опстојуваат на пазарот и се меѓу неопходните третмани за повеќето девојки кои по секоја цена сакаат потемен тен. Сега се појави нов производ кој ветува резултати, а начинот на нанесување е повеќе од бизарен – се работи за спреј за нос за самопотемнување кој ветува „темен тен одвнатре“. Производителите велат и дека не мора да се прска само во носот, туку во кој било друг отвор на телото. Сепак, од разбирливи причини, најчесто е нанесувањето преку ноздрите, но во секој случај овој производ е опасен.

Неколку девојки, односно инфлуенсерки од ТикТок го рекламираа овој производ, и очекувано не помина долго и распродажбата експлодираше.

„Попрво да умрам отколку да бидам грда. Ако за ова се потребни 10 години од мојот живот, нека биде така, и онака не сакам да остарам“, вели една жена тиктокерка која им го препорачува овој производ на многубројните нејзини следбеници.

Настана вистинско лудило, па многу девојки се убедени дека „ако го преживеале солариумот ќе го преживеат и ова“, не сфаќајќи дека штетните последици и од солариумот и од овој спреј не се моментални, туку можат да се манифестираат многу подоцна.

Експертите веќе предупредуваат дека овие спрејови се состојат од многу нерегулирани и недозволени материи и дека можат да имаат последици по здравјето. Една од главните состојки е меланотан, синтетичка хемикалија која го стимулира телото да произведува меланин. Покрај бројните нуспојави на меланотан кои се‘ уште се истражуваат, засега е извесно дека, иако навистина го „потемнува“ телото, доведува и до зголемена ерекција. Покрај тоа, вообичаените несакани ефекти од употребата на меланотан вклучуваат гадење, промени во крвниот притисок, главоболки и црвенило. Може да предизвика потемнување на бенките и пегите, а научниците се обидуваат да истражат дали може да доведе до меланом.

Меланотан се‘ уште се тестира и е една од нерегулираните супстанци, поради што производителите на овие спрејови го користат самостојно, па концентрацијата и неговата интеракција со другите активни состојки е потенцијално опасна.

Бидејќи овој спреј се користи главно во ноздрите, несаканите ефекти може да бидат посилни.

- Спрејовите за нос делуваат така што испуштаат фин облак течност во носната слуз, која е богата со крвни садови и обезбедува директен пат во крвотокот - објаснува д-р Мери Тортон за „huffpost.com“.

Антеа Тонкс (35) за Daily Mail изјави дека го користела овој спреј неколку недели, па била хоспитализирана бидејќи доживеала срцев удар поради несаканите ефекти од користењето на спрејот. „Подготвував чај кога наеднаш ми се вртеше ужасно, толку многу што ми се истури врела вода на нозете. Се вратив во кревет мислејќи дека ќе бидам подобро, но на крајот бев хоспитализирана. Во моето семејство нема болни од срце, јас водам релативно здрав живот. Се‘ се сведува на тој спреј", вели таа. 

Инаку, овој спреј се користи со прскање во нос два пати на ден, а се користи од седум до десет дена. Реклами може да се најдат насекаде на Интернет, а британските лекари апелираат до луѓето да не ги користат бидејќи неговиот состав не е доволно тестиран, додека она што досега е познато е доволно дека неговата употреба во никој случај не се препорачува.


Фото: Фејсбук-screenshoot/TikTok-screenshoot