Поради овие домашани обврски се разгорува страста помеѓу партнерите: Либидото скока како лудо
Едно истражување покажа дека домашната работа го прави
партнерот попривлечен...
На Балканот се‘ уште е спорно прашањето дали и мажите треба да се занимаваат со домашни работи или тие се наменети само за жени... Сепак, најновото истражување ќе им се допадне и на двата пола и можеби некои ќе ги премисли кога станува збор за домашните работи.
Имено, истражувањето кое било спроведено меѓу 500 Американци и исто толку Британци покажало дека 58 отсто од испитаниците сметаат дека нивниот партнер е попосакуван и попривлечен кога ги извршува домашните работи.
Порталот „Најболи живот“ наведува дека тоа многу повеќе ги возбудува мажите, а 61 отсто од нив изјавиле дека тоа им е привлечно, додека 56 отсто од жените го потврдиле истото.
„Тоа е комбинација од чувство за почит, чувство за тимска работа и партнерство“, објасни психотерапевтката Џенифер Хамади, која исто така изјави дека некои луѓе се чувствуваат посакувано кога партнерот ќе направи нешто за нив, бидејќи на тој начин им го олеснуваат денот.
Исто така, истражувањата покажаа дека кога различни домашни работи се извршуваат заедно, тие дури можат да создадат некои афродизијак за парови. Така, 49 отсто од испитаниците признале дека заедничката работа на крајот завршила со страсно водење љубов. А еве кои домашни работи најмногу ги возбудуваат партнерите:
готвење - 62 проценти
чистење - 48 проценти
мали поправки низ домот - 43 проценти
местење кревети -49 проценти
миење садови - 35 проценти
средување на дворот - 34 отсто
перење автомобили - 30 проценти
перење и сушење алишта- 27 проценти
уредување на работите во плакарот - 15 проценти.
Фото: unsplash
Извор: Мондо